Не успеа да се избори за живот 29-годишниот Александар Гавриловски од Ратавица, Пробиштип, кој по пожарот во дискотеката „Пулс“ на 27 март бил пренесен на лекување во Литванија. Гавриловски, со тешки изгореници на кожата од 35 отсто и на дишните патишта од приемот во Градската општа болница во Скопје бил во критична состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
-Неговата состојба на 4 април се влошила и бил ставен на дијализа, по што денеска во 11 часот починал, соопшти Таравари. Со смртта на Гавриловски, пеколната дискотека во Кочани ја зеде 61-та жртва. Утре во Кочани треба да биде погребан Александар Карадакоски од Кочани, формалниот управител на дискотеката.
МинистеротТаравари изјави дека има уште двајца критични пациенти, кои се лекуваат во странство.
Гаврилоски е четвртата жртва од кочанската дискотека од Пробиштип, по смртта на полицаецот Тоше Тодоровски и двајцата средношколци Никола Насевски и Матеј Марковски.