Организаторите на концертот на српската музичка ѕвезда Пеѓа Јовановиќ, кој требаше да се одржи на 5-ти април годинава во СЦ Јане Сандански – Скопје, заради страшната трагедија во Кочани е одложен, односно неговиот датум на одржување е поместен.
По тој повод организаторот EVENT GROUP се јави со свое соопштение.
-Сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15 мај. Се’ друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум, информира организаторот.