Полицијата ноќеска влегла во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но не во контрола на лиценцата, која се покажа дека е фалсификувана, туку по недозволена трговија, за што имала сомневања, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. При тоа, тој покажа, како што рече два фалсификувани документи, земени со мито. што требало да претставуваат лиценца. Полицијата во објектот влегла пет минути пред избувнувањето на пожарот во кој загинаа 59 млади лица, а 155 се повредени.
-Лиценцата е од 13 март 2024 потпишана од тогашниот државен секретар. Документот се разликува по тоа што последните две броја се 51 и 15 и се под ист архивски број. Но, таму под тој архивски број е заведено дека е комуникација за странски инвеститор. Не е точно дека полицијата ги затвор врат. Полицијата не била таму да ја контролира лиценцата, туку се вршело проверка на информацијата дека се тргува со недозволени супстанци и во местото има малолетници, соопшти Мицкоски.
Како што објасни премиерот, објектот е кабаре работи од полноќ до 4 часот наутро, а според законот надлежен орган е Министерството за економија.
Премиерот рече дека нема да прогласи вонредна состојба, ниту ќе се бара странска помош за истрагата, бидејќи смета дека имаме доволно стручни луѓе тоа сами да го направиме. Од странските држави, за што особено е благодарен, добиена е помош за лекување на настраданите, кои се пренесени во соседните Грција, Бугарија, Србија и во Турција. Помош е понудена од Хрватска, Австрија и други земји.
На прашањето дали има чувство на морална одговорност, Мицкоски потврди, но рече дека прво има друга задача да заврши.
-Морална дилема кај мене како човек секогаш постои и нема дилема – 8 месеци работам онолку колку можам и нема дилема дека сите ние треба да чувствуваме одговорност. Дали само јас? На мене нека биде одговорност. Но прво ќе го поразам системот, а потоа нема поголем суд од судот на народот на избор, кој треба да каже дали и кој треба да понесе одговорност. Ќе направам се’ оваа политичка болумента да понесе одговорност да ги поразам, изјави Мицкоски на прес.
Премиерот од утре најави како што рече, робусна акција, во која ќе се проверуваат документите на сите дискотеки, како лиценци, дозволи за градба, употребни дозовли и се’ друго, кои ќе ја потвдат исправноста на работата на овие објекти.