Порталот „360 степени“ објави видео од моментите кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани на гостите и бендот им станува јасно дека започнал пожар.
-Видеото од 11 секунди го добивме од наш читател, пишува порталот.
Во првите неколку секунди се слуша како додека трае забавата, на реакција од публиката, Панчо го прекинува пеењето и вели – „Деко, се запали горе, се запали горе“.
Тогаш настанало паника, а Панчо ги повика и веднаш да излезат надвор.
Погледнете го видеото од ТВ Сител: