Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.
Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата.
-Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата, изјави Тошковски.
Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.
-Од МВР ќе бидат извршени разговори со сите контактибилни. Извршени се разговори со над 10-тина лица кои се хоспитализирани. Извршен е и разговор со еден од членовите на ДНК. Се обезбедува документација за дикотеката. Животот го загуби полицаец од Пробиштип, кој правел контрола за наркотици и малолетници. Полицаецот требало да бида нагрден за најдобар полицаец на територија на Пробиштип и Штип, но ќе му биде доделена постхумно. Работиме интензивно со сите сили, заедно со Обвинителство, се вршат контроли. Вклучени се сите кои имаат врска во процес на контрола. Вчерa, по претходно изготвен план вршени се контроли на поголем број објекти во Скопје, Штип и Охирд. Еден од локалите е и оваа дискотека. Колегата кој загина, загина при вршење на контрола за дрога и малолетници, рече министерот.