Министерството за здравство се откажа од решението со паркингот на Клинички центар да управува албанската фирма „Ѓока Констракшн“ преку концесија, откако во јавноста протекоа наводни информации за неправилности во изградбата на автопатот Тирана – Кичево, граден од оваа компанија, при што се срушиле тунели заради употребата на стиропор во цементната конструкција.
Информацијата дека министерството се откажува од концесиски договор со „Ѓока Констракшен“ ја соопшти министерот Арбен Таравари на прес конференција во министерството.
Решението за паркингот ќе се бара во две можни решенија – едното е со него да стопанисува јавното претпријатие „Градски Паркинг“, а второто решение е со паркингот да управува СОЗР.