Актерката и пејачка Синтија Ериво привлече огромно внимание на Оскарите со зелениот фустан со кој и оддаде почит на Хети МекДаниел, првата црнка која доби Оскар, но уште повеќе внимание привлече со своите нокти.
Ова не е прв пат Синтија да привлекува внимание со своите специфични нокти, а за екстравагантниот маникир оваа година беше задолжена Мика Диор.
„Сакав да изгледа како да ги потопила рацете во ковчег со богатство. Го испорачав тоа. Треба ли да кажам повеќе, напиша Мика Диор (19).