Неселективна правда и казни за прекршителите, побараа попладнево на протестот „Правда за Фросина или, како што рекоа родителите на Фросина „марш на тагата“.
Со едноминутно молчење маршот почна од „Партизанска“, а продолжи пред Собрание, Влада и пред Апелација.
-Дојдени сме да бараме правда за Фросина и за другите жртви. Заедно сите да направиме нов систем. Никој да не ја злопупотреби нашата трагедија, рече нејзината сестра Росица.

-Будно го следиме секој чекор. На изгорени родители што може друго да му остане освен правда. секој втор ден гине еден. Затоа одиме пред Парламент за да побараме да се заострат законите и контрола врз законите и сите институции да се активираат, рече таткото на Фросина.
На маршот денес дојдоа и други семејства кои доживеале неправда и кои на скопските улици изгиубиле свои членови. И тие побараа правда за најмилите.

-Сестра ми ја прегазија на пешачки и 2,5 години нема правда. На убиецот му ја намалија казната на две години. Судењето ни е на четврти март. Бараме поддршка и за нас, рече Теодора од Тетово.
Една тажна мајка, пак, рече:
-Син ми загина во сообраќајка на првомајска, пред полициски час пред 3,5 години. Беше соучесник, во сообраќајот, но не беше крив. Благодарејќи на системот испадна дека тој е крив. Благодарение на вештаци и на нашиот адвокат се се заврши, а мене не ме ни повикаа на суд. Затоа прашувам дали мирно спијат, рече тажната мајка, која го загубила синот.

На маршот се обратија и претставници од движењето „Кој е следен?“. Анастасија Павловска, родена 2002 година, објасни во каков систем сакаат да живеат младите:
-Позади ова движење не стои ниедна политичка партија, туку млади луѓе, на кои им е преку глава да живеат во земја каде никој не ги почитува, каде свесно не убиваат. Уште колку животи треба да бидат изгубени во овој коруптивен систем за колективно да кажеме дошта од полиција која ги штити богатите и моќните, доста од лекари кои ни бараат мито за да не лечат, доста е од судство што селективно ги разгледува доказите, доста од образование што ја убива критичката мисла кај народот со цел да не контролираат.

Кој друг би прифатил да живее во ваков систем, систем кој сите го плакаме од џеб за д не уништува, систем кој од самото раѓање работи на наше поробување, умствено, духовно, културно, физичко. На младиот човек не само што му е тешко тука да напредува туку и да опстане. Овој систем не го градат само институциите туку сите ние. Она што го бараме не е научна фантастика. Потребни се длабки и сутински прмени на овој коруптивен систем. Нема да се откажеме додека не видиме вистински ситемски промени, рече таа пред Апелација.