Селена Гомез (32), американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, вчера се расплака на стори на Инстаграм поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите. Сепак, таа брзо го избриша видеото од Инстаграм.
Selena Gomez picked illegals over America b/c she's the 3rd gen descendent of Mexican illegals who received citizenship in the '87 Amnesty. She has an entitlement attitude toward America, like her illegal g'parents. Maybe Selena should be deported, too?pic.twitter.com/yTXlwtckwH pic.twitter.com/2UR6FY8d5i
— Sam Parker 🇺🇸🧯 (@BasedSamParker) January 27, 2025
Иако видеото набрзо беше избришано, тоа беше доволно време да предизвика реакции кај републиканците и приврзаниците на Трамп. Кандидатот за американскиот Сенат
Сем Паркер беше првиот кој јавно повика на депортација на Селена Гомез, нагласувајќи дека, според неговите зборови, „не смее да има толеранција за поддржувачите на спротивната страна“. „Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци наместо Америка. Таа е потомок на третата генерација мексикански илегални имигранти кои добија државјанство за време на амнестијата од 87 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините илегални родители“, рече тој во постот.
Selena Gomez picked illegals over America b/c she's the 3rd gen descendent of Mexican illegals who received citizenship in the '87 Amnesty. She has an entitlement attitude toward America, like her illegal g'parents. Maybe Selena should be deported, too?pic.twitter.com/yTXlwtckwH pic.twitter.com/2UR6FY8d5i
— Sam Parker 🇺🇸🧯 (@BasedSamParker) January 27, 2025
Селена Гомез е родена во Соединетите Американски Држави и е американски државјанин. Нејзините баба и дедо емигрирале од Мексико во потрага по подобар живот.
Selena Gomez has responded to me. Lol. https://t.co/SIozHJoMhm pic.twitter.com/MRdT7HCy11
— Sam Parker 🇺🇸🧯 (@BasedSamParker) January 28, 2025
Гомез на стори на Инстаграм, на црна позадина, напиша: „О, господине Паркер, г. Паркер. Ви благодариме за смеата и заканите“.
Паркер реагираше на Х по нејзината реакција. „Селена Гомез ми одговори, леле“, напиша тој, пренесува индекс.хр.