Вкупните борбени загуби на руските сили во Украина од 24 февруари 2022 година до денеска достигнаа приближно 831.620 лица, вклучително и 1.430 војници изгубени во последните 24 часа, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата страница на Фејсбук.
Другите загуби што ги претрпеа руските сили – според Украинците – во последните 24 часа вклучуваат: три тенка, 12 оклопни борбени возила, 16 артилериски системи, 74 оперативно-тактички беспилотни летала, 59 возила и резервоари за гориво и една специјализирана опрема.
МИА