На првиот ден од Новта Година стотици Бугари заминаа на кафе во Солун на брегот на Белото Море и на ручек со морски деликатеси по отворањето на границата. Граѓаните на Бугарија по велгувањето во Шенген зоната сега можат без застој на границите да патуваат во соседна Грција.
„На прошетка до Солун без редици на границите“, коментираа Бугарите на социјалните мрежи, додека го пиеја кафето на сонце на температура од 18 степени.
Од друга страна, заминаа и туристите кои ја дочекаа Новата година во Грција. Велат дека се враќаат без гранични проверки и ограничувања.
Бугарските медиуми пишуваат дека и во спротивна насока, и Грците уживаат во безпроблематичната минување на границата и многу од нив патуваат во Бугарија на прошетка и шопинг.
„Влегувањето на Бугарија во Шенген несомнено ќе го зголеми туризмот и бизнисот меѓу двете земји, коментираат градоначалниците од пограничните региони“, пишува БНР.
Од друга страна, во деновите пред стапувањето во сила одлуката за прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, многу наши сограѓани коментираат дека „Македонија ќе стане слепо црево на Балканот“ бидејќи Турците, камионџиите и другите странски државјани ќе патуваат за Грција преку Бугарија. Други пак одговараа дека немаме ќар од нив, само оштетувања на патиштата.
Интересно е да се слушнат проекциите на ЈП Држави патишта, кои се очекува да останат без патарините во евра. Во текот на минатата 2024 година, само од патарини ЈП ДП, како што соопшти, заработи 66,5 милиони евра.