Ден по масовното убиство во ОУ „ Владислав Рибникар “, странска држава и служба побараа да им го предадеме К.К., но, јас одбив да разговарам на таа тема, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Вучиќ го раскажа разговорот од 4 мај 2023 година кога, како што рече, во неговиот кабинет претставници на странска држава и странска служба рекле дека се работи за помлад малолетник кого Србија не може да му суди, а детето мора да живее и треба да им се предаде.
„Видов дека настанот од „Рибникар“ предизвика големо внимание кај странците и во однос на односот кон убиецот… Бев присутен, во мојата канцеларија ден потоа побараа да им дадеме К.К… „Бидејќи нема да можете да го казнете затоа што е помладо малолетно лице, не можете ни да го чувате, а тоа дете мора да има таков и таков живот, оставите ни го на нас и така натаму. Претставник на странска држава и странска служба тоа ни го побара“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето дали е точно дека одредени странски служби го бараат момчето К.К. кое направи масакар во училиште.
Вучич додаде оти тоа не е доволен доказ дека во трагедијата се вмешани странски служби, но истакна дека околу трагедијата во „Рибникар“ се случуваат чудни работи.