Крилото на Алијанса на Зијадин Села го обвини министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од Движењето Беса, дел од коалицијата ‘Вреди’, дека дава приоритет на вработувањата на членовите на своето семејство во државните енергетски претпријатија. Тројца од нив ги вработил во двете најмоќни компании во земјата – МЕПСО и ЕСМ.
„Во претпријатието МЕПСО, Лимани ги има вработено братот Дашмир Лимани и ќерката Беса Лимани, а во ЕСМ зетот Мергим Дани. Потсетуваме, Лимани претходно, и по стапувањето на функцијата, го задржа својот брат за директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево и го разреши дури по јавното објавување, објави партијата.
Лимани ги демантираше тврдења и објасни дека неговата ќерка во МЕПСО била вработена пред седум години, не сега.
„Јас бев директор во ЕСМ, а таа беше вработена во МЕПСО. Што се однесува до брат ми, тој во претходниот состав беше директор на Социјалниот центар и јас го разрешив. Не треба да се занимавате со тоа што го разрешив, туку да се фокусирате на конкуренцијата и да испитате дали имало конфликт на интереси, јас сум подготвен да одговорам“, рече Лимани.