Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според пријавата, гостиварецот на 31.08.2024, упатувал закани на неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, на нејзината мајка и малолетната ќерка.