Унгарскиот премиер Виктор Орбан не верува дека неговата земја ќе добие навремена помош од Европската унија по големите поплави што оваа недела ја погодија централна Европа.
„Со сета почит, ако чекаме Брисел да не спаси, ќе бидме до грло во вода“, изјави вчера Орбан, пишува Политико, а пренесува јутарњи.хр.
Најмалку 21 лице загина во разорните поплави во Европа, а Унгарија е последната земја погодена од природната катастрофа. Властите во Будимпешта се уште не известија за жртви. На почетокот на оваа недела, Орбан ги одложи сите свои меѓународни обврски поради поплавите.
forse anche a Budapest non puliscono bene i tombini (sarcastico) https://t.co/bH2Mx0MKec
— Gianni Tolomei (@jantoys) September 20, 2024
Но, тој е лут на Брисел.
„Доколку има ситуација во земјата каде што е потребно, постои механизам кој може да се активира со еднострано известување. Тоа го направивме, што значи дека Брисел почна да разгледува дали можеме да добиеме некаква помош. Кога тие се завршени со тие комплицирани процедури, тогаш ќе ја добиеме поддршката од Брисел“, рече Орбан, пренесува еспресо.рс.
🚨 The Danube River is currently overflowing its banks in Hungary, causing significant flooding in Budapest
• The embankment in the city center is submerged, with rising water levels posing a growing threat to nearby areas pic.twitter.com/e5QlIeesCm
— Anadolu English (@anadoluagency) September 20, 2024
На неговите забелешки, пишува Политико, можеби влијаела претходната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради кршење на законот за азил.