Како круна на ова летно и најдобрите летни концертни журки, но и разладување во сѐ уште жешките денови следува уште ден богат музички викенд.
Станува збор за „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend ), кој ќе се одржи во три вечери на 13, 14 и 15 септември, на Стадионот на АРМ во Градски парк – Скопје.
Освен ладно пиво, организаторите ветуваат и вкусна храна и што е најважно, музичка програма со внимателно одбрани изведувачи.
Првата вечер, на 13.08.2024 (Петок) настапуваат:
-Еден од најпопуларните бендови од соседтвото, српските кралеви на концертните журки “Тропико бенд“.
-Најпознатото и најпопуларно македонск ар ен би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо – скопските ар ен би волшебници ДНК.
– Македонската „Ѕвезда на Гранд“, атрактивната, сексапилна и заводлива убавица Андријана Петрушовска.
Втората вечер, на 14.08 2024 (Сабота) ќе настапат:
-Позната српска фолк ѕвезда, автор и популерн пејач чии хитови со години сите ги пејат Пеѓа Меденица
– Најпознатата македонска поп-реге-ска група, чии концертни журки исполнети со нивните хитови долго се паметата – „Суперхикс“
– Двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски
И конечно последната, трета вечер на 15.08.2024 (недела) годинешниов „Skopje Beer Weekend“ ќе го затворат:
-Емотивецот чии срцепарателни песни го допираат сечие срце ,галат и разнежнуваат душата, единствениот Џенан Лончаревиќ
– Еден од најдобрите македонски фолк пејачи, чии врвни интерпретации на незаборавните фолк бисери сите ги пејат во еден глас, Миле Кузмановски
– Неприкосновениот Наум Петрески
Со ладно пиво и храната подобро лизга, а песната поубаво звучи!