Судот во Сибир денеска осуди издавач на весник на осум години затвор поради објавување текстови за руските напади врз цивили во Украина.
Судот во градот Горно-Алтајск го осуди Сергеј Михајлов, новинар и издавач на локалниот весник „Листок“, за „ширење лажни информации“ за руската армија.
Михаилов беше уапсен во април 2022 година поради објави на профилите на „Листок“ на социјалните мрежи и написи на веб-страницата на весникот за руските напади врз цивили во Украина.
Руската независна новинска агенција „Медуза“ објави дека Михаилов пред судот истакнал дека „целта на публикацијата е да се открие вистината“ за војната и „да се заштитат нашите сонародници од софистицираните лаги на руската државна пропаганда“.