Клаудио Андрес Браво Муњоз, одличниот чилеански голман најави крај на својата долгогодишна кариера и кажа доста на 41 година.
Ваков чекор се најавуваше некаде при крајот на минатата сезона кога беше алтернативна варијанта во Бетис, денеска стигна потврда – „малиот кондор“ од чилеанскиотт Вилука повеќе нема да брани.
Кариерата на брзиот голман траеше повеќе од две децении, започна во Коло Коло во 2002 година, го водеше преку Реал Сосиедад (2006/2014), Барселона (2014/16), Манчестер Сити (2016/20) до Бетис (2020/ 24).
Одигра 580 официјални натпревари, а голот на Чиле го бранеше точно 150 пати.
Неговата витрина е добро исполнета, ја освои Лигата на шампионите на УЕФА со Барселона, Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа, титули, купови каде и да бранеше.
Вкупно 15 трофеи со Коло Коло, Барселона, Манчестер Сити и Бетис, но и две Копа Америка (2015, 2016) со Чиле, чија мрежа ја сочува оваа година на Копа Америка.