Спонзорирана објава
Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, постојано ги едуцира играчите од опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игрина среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците од прекумерното играње игри на среќа.
Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија, континуирано ги едуцира играчите за одговорното играње игри на среќа. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории. Активирана е и посебна информативна страна
Под слоганот „ИГРАЈ ОДГОВОРНО“, уште во 2019 година го формиравме СОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја. Во истиот период активирана е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни и искусни лица од областа на психологијата. Заедно со нив, направени се и повеќе едукативни предавања.
Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии, минатата година го доби и сертификатот за одговорно приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.