Американски судија пресуди дека Гугл дејствувал незаконски за да го задржи монополот над онлајн пребарувањето и поврзаното рекламирање. Одлуката може да го промени начинот на кој технолошките гиганти водат бизнис во иднина.
Американското Министерство за правда го тужеше Гугл поради неговата контрола над околу 90% од пазарот за онлајн пребарување.
Во одлуката, окружниот судија Амит Мехта истакна дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека тој е стандардниот пребарувач на паметните телефони и прелистувачите.
„Гугл е монополист и делуваше како монополист за да го задржи својот монопол“, напиша судијата Мехта.