Лекот Прогестерон депо (хидроксипрогестерон) повеќе нема да биде достапен во Србија поради можност за зголемен ризик од рак, соопшти Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија, јави Б92.
„Резултатите од големата епидемиолошка студија укажуваат на можноста за зголемен ризик од рак кај жени кои биле изложени на 17-хидроксипрогестерон капроат (17-OHPC) во матката.
Овој ризик е можен, но не е потврден поради одредени ограничувања на студија“, се наведува во соопштението на Галеника.
Податоците од мултицентрична студија не покажаа ефикасност на 17-OHPC во спречувањето на предвремено раѓање. Податоците за ефикасност во други акушерски и гинеколошки индикации за кои е одобрен 17-OHPC се ограничени.
„Соодносот придобивка-ризик за лекови кои содржат 17-OHPC повеќе не се смета за позитивен во сите одобрени индикации и поради тоа, лиценците за лекови кои содржат 17-OHPC ќе бидат суспендирани во земјите на ЕУ, како и лиценцата за лекот Прогестерон.“, се вели во соопштението.
Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија им порача на здравствените работници дека лековите што содржат 17-OHPC повеќе не треба да се препишуваат и дистрибуираат.
Треба да се земат предвид алтернативните терапевтски опции за сите индикации.