Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Појасот Газа од почетокот на денот се зголеми на 82, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на палестинската цивилна одбрана.
„Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Газа се зголеми на 82 откако Израел нападна неколку куќи во северниот дел на Појасот Газа“, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана, Мохамед ал-Мугаир.