Светскиот шампион во скок во височина, Италијанецот Џанмарко Тамбери, ја загубил бурмата додека го вееше италијанското знаме на отворањето на Олимписките игри во Париз.
Тој, како што јави Ројтерс, го веел знамето на Италија, додека бродот со италијански спортисти пловеше по реката Сена, кога прстенот му се лизнал од прстот.
Тамбери и се извини на сопругата Кјара.
„Имаше премногу вода, премногу ослабев во последните месеци, а кога на сето тоа ќе се додаде и нескротливиот ентузијазам за тоа што го правам… Останува фактот дека почувствував како прстенот се лизга, видов како лета. Го следев со моите очи додека не го видов како скока внатре во бродот добар знак дека ќе се вратам дома и со повеќе злато, изјави Тамбери и додаде дека губењето на прстенот може да биде и добар изговор за обнова на брачните завети со неговата сопруга.