Во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 17:30 часот на автопатот меѓу Предајанe и Грделица едно лице загинало на лице место, а според неофицијални информации се работи за млада жена.
Според Општата болница во Лесковац, 4-годишното дете и 27-годишниот татко се неповредени, додека 2-годишното дете има скршеница на ногата.
Поради повредите на 2-годишното дете сите ќе бидат префрлени во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според неофицијални информации, автомобилот во кој се превезувало ова македонско семејство излетал од патот и удрил во банкина. Несреќата се случила на автопатот, во село Палојце.
Поради несреќата сообраќајот на автопатот беше во прекин.
На официјалниот ѐинстаграм профил на страната 192 информираат дека се работи за семејство од Македонија.
-Првите фотографии од местото на страшната несреќа кај Лесковац, во која животот го загуби млада жена, а повредени се нејзиниот сопруг и двете деца, како и уште една постара жена. Возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда која поминала низ целиот автомобил. Станува збор за семејство од Северна Македонија кое се враќало од одмор во Словенија.