Четиринаесет јапонски средношколци денеска се пренесени во болница откако јаделе „супер зачинет“ чипс, јавија локалните медиуми.
Повеќе од 30 ученици во едно средно училиште во Токио, наводно, делеле чипс за време на одморот, кога некои почнале да се жалат на гадење и акутна болка околу устата, пренесува CBS.
Четиринаесет од нив биле итно пренесени во болница, сите свесни, но барем еден се чувствувал толку лошо што морале да бидат превезени во инвалидска количка, објави Фуџи ТВ.
Според медиумите ученикот ги донел чипсовите на училиште за забава, бидејќи претходно ги јадел и знаел дека тие се „супер зачинета“ закуска.
Состојката на чипсот е исклучително лута пиперка.
Станува збор за чипови од брендот „R 18+ Curry Chips“, соопштија локалните медиуми. Според веб-страницата на производителот, помладите од 18 години не смеат да ги јадат чипсот, кој е „толку лут што може да ви предизвика болка“.
Главната состојка е голема количина екстремно лута пиперка позната како пиперка дух, наведува компанијата на својата веб-страница. Пиперката дух или Бут Јолокиа го држеше Гинисовиот рекорд за најлута пиперка од 2007 до 2011 година.