Професорот Нано Ружин, денес во телефонско јавување на емисијата „Стадион“ емитувана на Канал 77 говореше за актуелната политичка неизвесност во Франција, но и улогата на претседателот Емануел Макрон во изборниот дебакал.
Според Ружин, Франција се наоѓа во голема политичка криза, но и крајно тешка битка за сигурно мнозинство и цврсто владеење на новиот парламентарен состав.
- Емануел Макрон направи неопислива грешка откако донесе одлука без консултација да го распушти францускиот парламент. Французите очигледно сакаа да го казнат претседателот Макрон во првиот круг, но пред вториот се исплашија дека земјата може да ја добие првата крајно десничарска влада по колаборационистичкиот Виши режим во Втората Светска Војна, вели Ружин.
Според него, она што во моментов најмногу ги плаши Французите не е можноста следната влада да биде предводена од екстремисти од двата краја на политичкиот спектар, туку опасноста од избивање улично насилство по изборите.
Најновото издание на емисијата „Стадион“ може да го проследите на следниот линк: