Милан Стефновски, воено-безбедносен аналитичар и новинарот Александар Србиновски гостуваат во денешното најново издание на „Стадион“ на Канал 77. Во анализа на 75 години од постоењето на НАТО, тие говореа за целите на најголемиот воен сојуз, амбициите, но и идниот расплет од воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Според Милан Стефновски, Самитот во Вашингтон е со цел да се неутрализираат опасностите од евенуталини нови воени конфликите, но и заради спречување на веќе актуелните.
- Јужното крило на НАТО е пред сериозен предизвик во светло на руско- украинскиот конфликт или поточно на конфликтот помеѓу Западот и Русија. На овој самит се говореше за нови безбедносни ризици, како на пример хибридните напади, нешто што не беше нотирано во претходните години. Речиси никој од аналитичарите не очекуваше Русија да влезе во војна со Украина, а тоа е аларм дека „буре барутот“ може брзо да се распали и да донесе нови воени кофликти, имајќи предвид дека безбедносните ризици во светот се крајно високи, вели Стефановски.
Според Александар Србиновски пак, преку воениот конфлик меѓу Русија и Украина, светот ја виде моќта на воената дигитализацијата, но и слабоста на застарената воена опрема од Втората светска војна.
- НАТО ја претстави својата моќ преку воената дигитализација, укажувајќи колку брзо прогресираат воените бази во Европа и светот. Сепак, досегашниот конфликт на територијата на Украина покажа дека современото оружје не е пресудно, туку количината на арсенал од орујже. Токму поради тоа, гледаме се повеќе држави кои вложуваат во нови и поголеми количества на оружје во своите бази, а сето тоа поттикнато од неизвесноста меѓу Западот и Русија, рече Србиновски.
„Стадион“ се емитува во живо и може да го проследите на линкот подолу: