Светската пливачка федерација со писмо до Националната пливачка федерација ги потврди пливачите Ева Петровска и Никола Ѓуретановиќ како претставници на Македонија на Летните олимписки игри Париз 2024.
Оваа убава вест на Фејсбук ја објави македонската пливачка федерација.
Ѓуретановиќ ќе настапи на 27 јули на трката од 400 метри слободно, додека Петровска ќе учествува на трката од 800 метри слободно на 2 август.
Досега се потврдени вкупно седум спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија во Париз.