Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, поради финансиски малверзации, но и непостапување по добиените насоки, го повика Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН на консултации. Ова се толкува како негово отповикување, јави ТВ Канал 5.
„Причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиска недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва“, јавува Канал 5.
Актуелниот амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски пред две години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.