Оперативниот профит во вториот квартал од годината на јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ изнесува 7,54 милијарди долари што е 15 пати поголем од добивката во истиот квартал од 2023 година.
Најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори објави дека растот на профитот е поттикнат првенствено од производите што се потпираат на вештачката интелигенција (ВИ), како што се чиповите.
„Самсунг Електроникс“ кон крајот на април соопшти дека оперативниот профит во првиот квартал од 2024 година се зголемил за 932,8 проценти на годишно ниво, бидејќи се зголемиле цените на мемориските чипови поради оптимизам поврзан со развојот на вештачката интелигенција.