Силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.
Во голем број случаи веќе имало поплави, додека громови предизвикале пожари, поради што пожарникарите имале полни раце работа.
Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од гром во рок од два часа.
Особено драматично беше во Солун, каде поројните води сериозно го нарушија сообраќајот, па дури и однесоа контејнери за ѓубре и други предмети.
Дождот со послаб интензитет продолжува да врне, а претходно обилни дождови наврнаа во Дионисос, Агиос Стефанос и Спата. Пороен дожд во попладневните часови наврна и во Елефсина.