Жени кои се капат со облека која ги покрива косата, вратот и рамената, добиваат своја плажа во Улцињ, Црна Гора. Тоа ќе биде првата плажа со дваесетина лежалки за жени Муслиманки, кои носат хиџаб, додека мажите нема да имаат пристап.
Муслиманите се мнозинство од населението во Улцињ и се околу 73% од вкупното население. Хиџабот е традиционална исламска облека која ги покрива косата, вратот и рамената на жените. додека лицето може да се открие. Кои жени ќе одлучат да носат хиџаб зависи од различни фактори: регионалните верувања, културните норми и законите на одредена земја.