Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ дојде во Минхен да ја бодри селекцијата на Србија против Данска на ЕВРО 2024 година, а пред натпреварот зборуваше за Радио-телевизија на Србија.
На прашањето што е најважно за ваков натпревар, Ѓоковиќ даде одговор со кој ги насмеа сите до солзи, пишува Новости.
– Срцето, главата и онаа работа – рече Ноле што предизвика смеа кај соговорниците.
-Се шегувам, храброст, да речеме. Не сум фудбалски стручњак, но гледам дека тоа го сакаат и им посакувам се најдобро – изјави Ѓоковиќ
На прашањето дали толпата се однесува како да ќе влезе на теренот доколку Србија победи, Новак рече дека и тој во тој случај ќе влезе на терен.
– Ако влезе публиката, ќе влезам и јас – рече Ѓоковиќ со шеговит тон.
-Тоа е уникатно искуство, немаме толку големи стадиони (тенисери прим. авт.), но навистина е задоволство да се биде овде – заклучи Ѓоковиќ.