Последните неколку дена, високите температури значително влијат врз здравјето на луѓето, а спиењето може да биде особено непријатно.
Обидувајќи се да се разладат, многу луѓе ги пуштаат клима уредите во просториите каде што престојуваат и каде температурите често достигнуваат и под 20 степени. Лекарите сепак предупредуваат дека тоа не е здраво и препорачуваат дека температурата внатре во самата просторија не би требало да биде премногу различна во однос на надворешната, односно најоптимално е разликата да биде осум степени. Со оглед на тоа дека условите се непријатни и во текот на вечерта, многумина се прашуваат како да ја разладат просторијата, а истовремено да ја избегнат можноста да бидат вкочанети следното утро.
Докторката, Бисерка Обрадовиќ ги објасни начините за ладење на просторот, односно укажа зошто не е препорачливо климата да се остави вклучена во текот на ноќта, па дури и кога температурите се неподносливи.
„Не е препорачливо да спиете со вклучен клима уред во спалната соба, но важно е да ја разладите просторијата пред да се обидете да заспиете. Можете да го користите клима уредот кој се наоѓа во соседната соба, или да ја разладите спалната вклучувајќи ја климата која се наоѓа во неа, но по извесно време да ја исклучите“, вели докторката.
Важно е клима уредот да не работи цела ноќ во просторијата во која спиете, но прифатливо е ако се наоѓа во друга просторија.
„Доколку имате клима уред во спалната соба, разладете го станот пред спиење и потоа исклучете го уредот. Доколку случајно заспиете, можно е да се разбудите со вкочанети мускули, а околу 90 отсто од луѓето кои се соочуваат со вакви симптоми мораат да побараат медицинска помош. Ова правило важи и за бебињата и за возрасните со хронични болести. ИСто така, важо е да ја одржувате чистотата на климата“, објасни д-р Обрадовиќ.
Една работа која луѓето ја забораваат, е чистењето на климата, а тоа е исклучително важно. Неисчистената клима може да предизвика здравствени проблеми меѓу кои и астма.
„Прво, важно е да го чистите клима уредот бидејќи содржи бактерии кои може да предизвикаат воспаление на белите дробови. Исто така, температурната разлика не смее да биде голема. Некои луѓе сакаат температурата внатре да биде под 20 степени, но тоа не е здраво. Тоа не е природно, а струењето на воздухот во спалната соба може да влијае на различни делови од телото. Клима уредот предизвикува струење на воздухот само на ограничена површина, а тоа води кон воспаление на мускулите и вкочанетост“, додаде докторката.