Српската ѕвезда Теа Таировиќ доминира на тренд листите во неколку земји во Европа.
Таа доби 23 милиони прегледи за само 7 дена по објавувањето на нејзиниот нов албум, соборувајќи го сопствениот рекорд со претходниот албум.
– Многу сум среќна, но и уморна. Напорно работев на албумот една година и има повеќе од десет песни. Денеска удри гром до мојот автомобил во Нови Сад, а имам песна „Удри ме громе“. А на новиот албум ја имам песната „Титаник“. Нема повеќе да пеам за природни катастрофи и војни, тоа е најдоброто – вели Теа.
Таа е на врвот на топ листите, или во тренд, во дури 10 земји, што може да видите на сликата подолу: