На аеродромот Шипхол во Амстердам, едно лице загинало откако се заглавило во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, соопшти авиокомпанијата КЛМ.
Компанијата соопшти дека несреќата се случила на летот „КЛ1341“ за Билунд, Данска.
„Денеска се случи фатален инцидент на аеродромот при што едно лице заврши во мотор на авион, кој работел. За жал, ова лице почина“, се наведува во соопштението на компанијата и се посочува дека истрагата е во тек, пренесува РТС.
Авионот се движел до пистата и требало да полета, но бил запрен откако бил откриен дефект на моторот, изјавил за британски Телеграф извор од холандската воена полиција.
Жртвата се уште не е идентификувана, а властите истражуваат дали се работи за несреќен случај или самоубиство.
Авионот бил полн во моментот на инцидентот, пишува Скѕ Нењс.