Злоупотребата на социјалните мрежи не престанува. Уште еден случај беше пријавен во МВР, а станува збор за експлицитно видео со малолетници.
-На 29.05.2024 во 10.40 во СВР Скопје 32 – годишна жена од скопско пријавила дека на 23.05.2024 на нејзин профил на социјална мрежа, од малолетник од Скопје, кој бил во љубовна врска со нејзината ќерка, добила видео со експлицитна содржина на кое била нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.