Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за сторено кривично дело. Поротата во Њујорк синоќа го прогласи за виновен за фалсификување документи и поткуп на актерка во филмови за возрасни, што се случило пред изборите во 2016 година.
По разгледувањето на исказите и доказите презентирани пред судот и врз основа на тоа каква одлука да донесе, а за тоа дискутираа два дена, сите 12 поротници го прогласија Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението на oкружниот обвинител на Менхетн Алвин Браг. Изрекувањето на каква и да било пресуда се носи едногласно. Поротата донесе одлука во 16:30 часот по локално време и ја објави половина час подоцна.
Трамп е обвинет за фалсификување компаниски документи и организација на исплата на 130.000 долари на Сторми Дениелс, актерка во филмови за возрасни, за таа да молчи дека имала врска со него. Исплатата ја извршил неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен, кој на судот сведочеше со часови за оваа епизода која се случувала неколку недели пред претседателските избори во 2016 година. Трамп потоа фалсификувал документи за да му ги врати парите на Коен. Вториот по важност сведок беше самата Дениелс која даде бомбастични искази пред судот, како на пример описот како таа поминала со Трамп една вечер во хотелска соба во голф ресорт на езерото Тахо во северна Калифорнија во 2006 година.Тогаш таа имала 27 години а Трамп бил 60.
По изрекувањето на пресудата Трамп даде изјава во која го спомена Сорос, либералниот милијардер и подржувач на демократите, и ја обвини Белата куќа „во обид да отстрани политички противник“ со помош на судскиот систем.
-Тоа беше направено од Сорос, од администрацијата на Бајден, за да се нанесе штета или да со оштети опонентот, политичкиот противник. Сметам дека тоа едноставно е срамно. И ние ќе продолжиме да се бориме, изјави Трамп, и додаде дека не направиле ништо лошо.
„Јас сум навистина невин човек“, изјави тој откако излезе од судската сала.
Неговата прес-служба објави изјава.
-Ова беше срамно. Ова беше фалсификуван судски процес предводен од корумпиран судија. Ова е фалсификуван суд, срам. Тие не ни дадоа да го смениме местото на судот. Во овој избирачки округ ние имаме пет или шест отсто подржувачи.
Каква казна следува за Трамп одредува судијата. Изрекувањето е закажано за 11 јули.
Висината на казната може да биде четири години затвор, но многумина за слични злосторство добивале и помалку. Трамп и да добие казна затвор тоа нема да смета во неговата изборна кампања или да стане претседател.
-Го почитуваме владеењето на правото и немаме што да додадеме, изјави Јан Семс, советник во правната канцеларија на Белата куќа, за обвинителната одлука на поротата во Њујорк.
Мајкл Тајлер, директор за комуникации на предизборната кампања на Џо Бајден синоќа објави изјава по повод обвинителната пресуда за експретседателот на САД.
-Денеска во Њујорк видивме дека никој не е над законот. Доналд Трамп секогаш грешка сметаше дека не е загрозен од никакво последици за кршење на законот да постига лични цели. Сепак денешниот приговор не го менува фактот декао американскиот народ се судира со реалност. Останува само еден начин Доналд Трамп да не стапне во Овалната соба (кабинетот на претседателот на САД во Белата куќа) – гласачката кутија. Било тој да е осуден криминалец или не, Трамп ќе биде кандидат за претседател од Републиканската партија. Изјавија од кампњата на Бајден.
Оттаму го повторија тврдењето дека Трамп претставува закана по американската демократија.
-Таа закана никогаш не била поголема. Тој води сѐ по безумна кампања на реванш и одмазда и ветува да стане диктатор „од првиот ден“ и повикува на „прекратување на дејствата“ на нашиот Устав за тој да може да се извлече и остане на власт. Втор мандат на Трамп значи хаос, лишување на Американците од слободата и разгорување на политичко насилство – и американскиот народ ќе го отфрли сето тоа годинава во ноември, се вели во изјавата. МИА