Холандија повеќе нема да им дозволува на своите граѓани да посвојуваат деца од странски земји, изјави холандскиот министер за заштита на правата Франц Вервереинд.
Тој додаде дека веќе почнатите процедури за посвојување ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период.
Холандските семејства посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји во изминатите 50 години.
Тој тренд се намалува во последните години, имајќи предвид дека во 2019 година биле посвоени само 145 деца, а во 2020 година, за време на пандемијата на Ковид, тој број паднал на 70, покажуваат најновите податоци на независната холандска организација „Холандски институт за млади“.
Од февруари 2021 година до ноември 2022 година, холандската влада де факто почна да го запира процесот на посвојување од странство.
Холандската политика за посвојување се најде во центарот на вниманието откако сè поголем број возрасни деца, претходно посвоени, почнале да ги истражуваат своите корени и често откриваа дека нивните документи за раѓање биле фалсификувани или изгубени или дека нивното посвојување е незаконско.