Гоце Пејковски годинава одбележува 25 години успешна музичка кариера и токму по тој повод, како вистински професионалец и баш онака како што доликува, најавува голема прослава – Боемска рапсодија на Боемска улица во Дебар маало. Овој необичен настан ќе се одржи на 12 јуни, следниот месец.
Гоце со музиката заспива и се буди цели 25 години. Низ текот на овие години достигна многу успеси, а во моментов ги живее најубавите моменти од својата кариера. За сите овие години успеа да остане доследен на стилот кој го негува и вооошто не подлегна на музичките трендови, ниту пак се фрли на експериментирање кога авторите се во прашање.
Тој важи за мајстор за добри забави, па ништо поразлично нема да биде и на 12 јуни. Ова музичко уживање ќе го надополнат и неговите гости Наум Петрески и Благоја Грујовски.
Ќе има уште изненадувања, кои Гоце не сака да ги открие. Затоа вреди таа вечер да се помине на Боемска со Гоце.