Италијанката Алесија Пифери е осудена на доживотен затвор пред судот во Милано затоа што ја оставила својата ќерка сама дома, што довело до смрт на бебето кое имало само 18 месеци.
Малата Дијана умрела од глад на 18 јули 2022 година во својата лулка, откако мајка и ја оставила сама шест дена, пренесува курир.рс.
Судиите отфрлија дека Алесија го извршила злосторството со умисла, но открија дека ја оставила малата Дијана сама во други прилики, барем 48 часа, за време на викендите, за да се сретне со маж со кој била во врска.
Истовремено, италијанското правосудство пресуди дека триесет и осумгодишната жена не боледува од психотичен синдром, туку дека „пораснала со целосен недостаток на морал и образовни референтни точки“.
Откриено е дека таа претрпела сексуално вознемирување на рана возраст, не го завршила задолжителното школување и никогаш не работела.
“Ќерка ми заборави дека е мајка, мора да плати за тоа што го направи. Требаше да се покае… но не”, изјавила бабата на несреќната Дијана за новинарите.
Да потсетиме, мајката шест дена ја оставила малата Дијана сама во куќата во Милано и отишла кај мажот со кој беше во врска.
Кога се вратила дома го нашла бебето мртво. До неа имало шише.
На телото на девојчето не биле пронајдени траги на насилство, а девојчето починало од глад и немање потребна нега.