Наставничка (45) од Небраска, мајка на три деца и сопруга на висок функционер на федералната влада, кој се школувал на Харвард, била фатена гола во автомобил со ученик (17) , пишува Њујорк пост. Ерин Вард наводно признала дека имала секс со 17-годишен ученик во средното училиште Бурк, каде што работела. Тие биле во задниот дел од автомобилот, а вработена во училиштето ја обвинила за криминална сексуална злоупотреба.
Вард беше обвинета дека го изневерувала нејзиниот сопруг Даг Вард, директор во американското Министерство за одбрана – со кој има три деца.
Ерин беше уапсена рано во саботата кога замениците на шерифот на округот Даглас ја открија како се забавува со тинејџер во автомобилот што вообичаено го дели со нејзиниот сопруг. Полицајците добиле пријава за сомнителен автомобил паркиран во ќорсокак, пренесува 24сата.хр.
-Кога ѕирнале во возилото, на задното седиште виделе гола учителка со делумно облечен тинејџер – соопшти полицијата.
Како што пишува Дејли Мејл, таа била обвинета за кривично дело сексуална злоупотреба како вработена во училиштето. Во Небраска ваквото обвинение носи најмногу 20 години затвор.