МВР информира дека вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Б.(36) од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.