Климатските промени би можеле да влезат во доменот на „неистражени феномени“ доколку температурите не паднат до крајот на годината, вели во изјава за БиБиСи, научникот Гевин Шмит.
Изминатиот месец всушност беше најтоплиот месец во светот откако се прават мерења, а рекордот е струшен десет пати. Сега научниците се загрижени дека светот влегува во нова фаза на климатски промени, затоа што тие се случуваат сѐ позабрзано.
За некои од неодамнешните „горештини“, научниците го обвинуваат метеролошкиот феномен Ел Нињо. Иако се очекува температурите да паднат, одредени експерти се загрижени дека тоа сепак нема да се случи.
„Ако до крајот на летото и понатаму имаме рекордни температури, тогаш сигурно чекориме на неистражена територија“, вели Шмит кој е директор на НАСА Годард институтот.
Март 2024. Беше за 1,68 степени потопол отколку во „прединдустриското“ време односно пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини на фосилно гориво – покажуваат податоците на европската Коперникус служба за климатски промени.
Дел од научниците не сметаат дека климатските промени се во нова фаза, но се мачат да објаснат зошто крајот на изминатата година беше толку топол.
Рекордот во март беше очекуван – Ел Нињо кој почна минатиот уни и го достигна врвот во декември, дополнително ја загрева атмосферата, која веќе е топла од согорувањето на фосилни горива, што директно го поттикнува растот на температурите.
Д-р Шмит е загрижен за идните предвидувања.
„Драматично промашивме во проценките за 2023 година. Доколку понатаму не можеме да ги предвидуваме климатските промени врз основа на достапните статистики од претходните години, давањето прогноза ќе стане значително потешко“, вели тој.
„Сѐ уште се обидуваме да сфатиме која е причината за драматичните промени од крајот на минатата година и колку долго ќе продолжи ваквата ситуација“ се согласува д-р Саманта Бурџес од Коперник.
Стручњаците очекуваат феноменот Ел Нињо да заврши во следните неколку месеци.