Според последните извештаи, речиси 5.000 луѓе се евакуирани од Оренбуш, а повеќе од 2.500 станбени згради се поплавени.
Во рускиот град Орск, да потсетиме, пукна браната што го штитеше градот од реката Урал.
Како што изјави за новинарите градоначалникот на Орск, Василиј Кожупица, една од пукнатините на браната е санирана.
„Колку што знам, вчера се зборуваше за пукање на две брани. Еден пробив кон Паркот на градежници. Тој е во подобра ситуација. Успеавме да ја запреме реката. Таму моментално се врши одводнување и зајакнување на браната. Но, овде, конкретно во Стариот град, тешко е да се предвиди развојот на ситуацијата“, рече тој.
Тој додаде дека половина од староградската населба е поплавена, водата стигнува речиси до улицата Орџоникиџе. Сообраќајот на улицата Краснознаменска е блокиран, бидејќи од пробивот тече вода.
Според градоначалникот, постои ризик од изолирање на Стариот град од новиот дел на Орск: „Овие територии се поврзани со пат на горната брана, а сега и таа е поплавена. Доколку проблемот се влоши, ќе почнат првите екипи со користење на теренски возила и чамци за продолжување на евакуацијата на населението“. Кожупица стравува дека Стариот град ќе биде сериозно оштетен од поплави.