Целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија , го загубило правецот и паднал на брегот на реката Вјоса.
Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар.
Инцидентот се случил во моментот кога полицијата се обидела да го запре возилото. Во тој моментот на излегување од коловозот на кривина возилото во голема брзина завршило во реката. Се претпоставува дека возилото се движело со брзина од околу 200 километри на час.
Возилото летало неколку метри, а потоа се превртело на стрмниот брег покрај реката Вјоса.
На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.
Извор:Агенции