Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата ја призна историската победа на опозицијата на локалните избори, а граѓаните кои не го поддржуваат организираа прослави во повеќе делови на Турција, пренесува Н1 инфо.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од прославата на победата на опозицијата во кафеана, а меѓу нив се издвојуваат оние на кои се пее песна од нашите простори.
Станува збор за хитот на пејачката Нада Топчагиќ „Јутро је“, кој го турна во „орбита“ славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и го извлече од „нафталин“ кога со нејзините ритам се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо во 2021 година.
А синоќа во Истанбул се скандирало „Кад те нема бољ да се нисам ни пробудила“, се играло оро, а се веело и знамето на СФРЈ.
Bayrampaşa da yaşayan Boşnaklar İBB Başkanlığını Yeniden Kazanan Ekrem İmamoğlu Zaferini Kutluyor.
Boşnak Vatandaşlar Jutro Je çalarak kutluyor.@ekrem_imamoglu pic.twitter.com/JAdlOygBUM
— Bosnaklar1.com (@bosnaklar1com) March 31, 2024
Се претпоставува дека снимките се направени во таканаречената „Балканска маала“ во Истанбул, каде, како што претходно објави Би-Би-Си, живеат околу 200.000 луѓе, од кои 60 отсто се Бошњаци, а 20 отсто се Македонци.
По пребројувањето на 95 отсто од гласачките ливчиња низ целата земја, турската опозиција го нанесе својот најголем изборен дебакл на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
İstanbul, Bayrampaşa Yıldırım mahallesinde kutlama devam ediyor… 🇹🇷 pic.twitter.com/mJoTq6pXTR
— Nihat Bayraktar (@BayraktarNihat) March 31, 2024
Главната опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), победи во Истанбул и Анкара, двата најголеми градови во Турција, и е подготвена да ги преземе другите градови, како што е Бурса, голем индустриски град на северозапад кој беше преземен од АКП во 2004 г
Синоќа, од седиштето на неговата партија во Анкара и пред депресивна, невообичаено тивка толпа, Ердоган вети дека „ќе ја почитува одлуката на нацијата“.