Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови се веројатно преполни со токсини од цигарите.
За да ги прочистите белите дробови нема да ви биде потребно чудо, туку чудесен напиток со лековити својства направен од 3 билки: ѓумбир, кромид и цимет.
Ѓумбир
Овој древен зачин одамна се користи поради своите лековити својства. Помеѓу другото, помага во елимирање на прекумерната слуз во градите.
Кромид
Кромидот има антиканцерогени својства, а одличен сојузник е и доколку се борите против одредени здравствени состојби. Посебно е влијателен во спречувањето на разните болести на системот за дишење.
Куркума
Куркумата или индискиот шафран е богата со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Таа има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства и е многу полезна во збогатувањето на секојдневната исхрана со овој зачин.
За почеток, куркумата додајте ја во напитокот кој ги чисти белите дробови, а за кој ви се потребни:
-400 грама кромид -1 литар вода- 400 грама шеќер (доколку сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп) – 2 лажици куркума -корен од ѓумбир.
Подготовка:
Во водата дојдете го шеќерот, ставете на оган и почекајте да заврие. Главиците кромид исечкајте ги на четвртинки, исечкајте го коренот од ѓумбир и додајте ги во зашеќерената вода. Кога мешавината повторно ќе зоврие додајте ја куркумата и намалете ја температурата.
Мешавината нека се вари додека содржината не дојде до половина, потоа процедете ја и префрлете ја во стаклена тегла.
Кога целосно ќе се излади ставете ја во фрижидер и таму чувајте ја цело време.
Консумирајте по две лажички од овој еликсир наутро и навечер два часа после оброк.