Гигантот H&M планира да затвори неколку продавници за да ја зголеми профитабилноста. Бројот на продавници веќе е намален за 76, а се чекаат уште затворања. Како што е наведено, во 2024 година се планира затворање на дополнителни 160 продавници, но H&M ќе отвори и 100 нови.
Премиерниот извештај на Даниел Ервер како извршен директор на H&M навистина го изненади пазарот. Откако акциите нагло паднаа во однос на претходниот извештај, кога Ервер беше претставен како нов извршен директор, сега има сосема спротивен развој.
Под знак прашалник била и продажбата на компанијата, но компанијата пријавила оперативна добивка од 2 милијарди евра, што е значително зголемување од 725 милиони евра во истиот период лани, пишува порталот Инвестинг. Аналитичарите очекуваа поскромна оперативна добивка од 1,4 милијарди евра.
Заработката по акција на компанијата изнесуваше 0,75 шведски круни, што исто така ги надмина очекувањата на аналитичарите од 0,51 шведски круни по акција.
Наспроти тоа, приходите на H&M во првиот квартал од фискалната година паднаа од минатогодишните 54,87 милијарди круни на 53,70 милијарди круни.
-Кварталната продажба постепено се подобруваше во текот на февруари, пролетните колекции беа добро прифатени, што е знак дека сме на добар пат – откри извршниот директор Даниел Ервер.
Компанијата планира и реновирање на бројни продавници, од кои едната е главната продавница на Хамнгтан во центарот на Стокхолм, пренесува Aftonbladet.se.