Демократската унија за интеграција реагира кон ставовите на поранешниот прв човек на општина Чаир, Изет Меџити, искажани во емисијата “Клик плус” на ТВ21 и најостро го осудува неговиот обид да избега од одговорноста за сторениот криминал со легализацијата на објектите и зградите во Чаир, префрлувајќи ја вината на апсурден начин и без правна основа врз граѓаните на Чаир.
Изет Меџити јавно на телевизија призна дека одлуките за легализација на објекти или згради ги носел тој сам како градоначалник на општината и со политички/коруптивни преференции, а не строго како што предвидуваат законските и подзаконските одредби.
Го поставуваме прашањето, зошто, доколку знаел дека тешко го прекршува законот, решил да ги потпише актите за легализација на објектите што ги споменува заедно со над 30 колективни згради изградени по 2011 година и не ги презел потребните правни дејствија за нивно уривање.
Изет Меџити синоќа со своја уста го призна она што сите го знаат и она што медиумите го објавија, а тоа е дека тој самиот одлучувал за легализација на бесправно изградени објекти, а не законот!
Ги повикуваме правосудните органи да постапат според нивните овластувањапо ова флагрантно признание на одговорноста.
Демократската унија за интеграција посочува дека никој не треба да биде над законот и дека назначените носители на јавни функции се апсолутно одговорни за неговото спроведување и во никој случај за неспроведувањето на законите не треба вината да се префрла на граѓаните.